Нарачала храна во ресторан и добила смртоносно суштество: Жена во солзи се обидела да се одбрани додека…(ВИДЕО)
Во видеото кое го погледнале повеќе од пет милиони луѓе, гледаме дека еден од раковите решил да се побуни и да направи се за да не стане нечија вечера.
Жената забележала дека ракот се уште се движи, а кога сакала да го врати во чинијата, користејќи стапчиња за јадење, настанал хаос.
Морското суштество ја фатило за рака, па жената почнала да плаче и да вреска од болка, пишува New York Post.
Бројни корисници на социјалните мрежи наведуваат дека се работи за Стоматопод (морска богомолка), познатa по своите смртоносни и најбрзи удари во природата, со кои го убива својот плен или други предатори.
На жената и помогнал келнерот, кој успеал да го отстрани „агресивното“ морско суштество, но гостите останале во солзи, шокирани од ситуацијата.
„Овој рак немаше да се откаже без борба“, напиша еден корисник.