ЗабаваПопуларно

Најважното јајце што го чуваме до следниот Велигден: Што да правиме со чуварот на куќата од минатата година?

Се верува дека чуварот на куќата го штити домаќинството од болести, зло и сè што е штетно, а тоа е јајце кое се чува до следната година.

На денот кога се бојадисуваат јајцата за претстојниот Велигден, посебно внимание се посветува на првото јајце кое е секогаш црвено и се нарекува чувар на куќата. Го чуваме цела година, а јасно е што симболизира црвеното велигденско јајце.

Easter eggs. Red Easter eggs on a red background flat lay top view. Holiday concept.

Се верува дека чуварот на куќата носи просперитет и среќа во домот, па многумина го чуваат во посебни украсни садови.

Се верува дека ова јајце го штити домаќинството од болести, зло и сè што е штетно, а тоа е јајце кое се чува до следната година. Сепак, многумина не знаат што да прават со чуварот од претходната година, подготвувајќи нова велигденска трпеза.

Image: 232922131, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Dejan Jekic / Alamy / Alamy / Profimedia

Да се фрли во ѓубре сигурно не е опција, ниту пак да се чува долги години, посочува “Danas” и не потсетува на дел од обичаите во православните земји.

Во некои делови на Македонија, старото јајце се закопуца во земја, во двор, градина или лозје со цел да се заштити земјата од штетници, град и други природни катастрофи. Во други региони, децата ги тријат образите со тоа јајце за да бидат здрави.