Невеста меѓу подароците најде и коверт од дедо! Очекуваше пари, но доби зборови што ќе ги памети додека живее!
Свадбата е еден од најемотивните моменти во животот, но понекогаш носи солзи од неочекувани причини
Една невеста ја сподели својата приказна на социјалните мрежи, а нејзината исповед трогна илјадници луѓе.
“Се омажив во саботата и немав поим дека крајот на тој ден ќе биде толку емотивен. Откако гостите си заминаа, јас и мојот сопруг почнавме да ги отвораме подароците и пликовите што ги добивме. Меѓу нив, едно веднаш ми падна во очи – го препознав ракописот на дедо ми”, напишала невестата.

Кога го отворила пликот, пронашла мала количина на пари и писмо кое ја оставило без зборови.
„Првата реченица ме скрши – солзите почнаа, дека ми напиша дека тој ден бил најсреќниот човек на светот затоа што ја гледал неговата внука како станува жена и си гради сопствено семејство.
„Би ти го дал целиот свет кога би можел, но повеќе немам. Одвојувам колку што можам…“
Отпрвин, признава таа, се чувствувала разочарана.
“Не поради парите, туку поради мислата дека дедо ми ми дал толку малку. Но, тогаш сфатив – неговите зборови вредат повеќе од секој подарок. Неговата љубов е бесценета”, заклучила невестата во својата исповед.
Оваа приказна предизвика лавина коментари – многумина се најдоа во неа и споделија слични емотивни искуства.