„Не сум стоматолог, но можам да погледнам“: Лажниот стоматолог го научи занаетот преку Интернет
Чешката полиција обвини 22-годишен лажен стоматолог и двајца негови помошници дека лекувале десетици пациенти врз основа на упатства што ги пронашле на интернет.
Полицијата соопшти дека тројца членови на едно семејство пред две години отвориле амбуланта без лиценца во нивниот дом во Хавлиќув Брод и дека лекувале пациенти без „потребното стручно знаење“.
Тие додадоа дека 22-годишниот маж вадел заби, направил комплексен третман на коренскиот канал и дал анестезија врз основа на информации што ги нашол на Интернет.
Сите тие се изјаснија за виновни за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од осум години.

Полицијата не соопшти дали некој од пациентите се пожалил на лекувањето.
50-годишна жена работела како стоматолошка асистентка, додека 44-годишен маж изработувал протетски елементи за пациентите.
Дивата клиника заработила околу четири милиони круни или повеќе од 130.000 евра.
Жената, која работела во здравството, дала “анестетици и друг стоматолошки материјал до кој имала пристап“, соопшти полицијата.

Дваесет и двегодишен маж се претставил како стоматолог, иако го немал потребното стручно знаење“, додаваат оттаму.
Михаела Леброва, портпаролката на полицијата, не сакаше да каже дали полицијата постапила по поплаките на пациентите.
Тројцата беа уапсени на почетокот на овој месец и беа обвинети оваа недела за водење нелегален бизнис, перење пари, обид за напад, трговија со дрога и кражба.
Во просек, секоја година има десет пријави за лажни стоматолози, изјави претседателот на чешката стоматолошка комора, Роман Шмуцлер.
Минатата година чешкиот парламент усвои закон со кој се олеснува вработувањето на стоматолози од земји надвор од Европската унија.