ЗабаваПопуларно

Нов дел од Господар на Прстените почнува со снимање!

По 3 безвременски филмови, пет најавени игри до крајот на 2024 и втора сезона од серијата, сагата на Господарот на Прстените се спрема да снима нови делови откако се откупени правата од “Middle-Earth Enterprises”

“New Line Cinema” и “Warner Bros.” постигнаа повеќе-годишен договор во кој тие ќе соработуваат со “Middle-Earth Enterprises” со цел да снимаат повеќе нови делови од култниот филм “Господар на Прстените”. Вестите беа најавени од извршниот директор “Warner Bros.” Давид Заслав.

“По нашата неодамнешна аквизиција на Middle-Earth Enterprises, воодушевени сме да го започнеме ова патешествие со New Line Cinema и Warner Bros. Враќајки го неспоредливиот свет на Џ.Р.Р Толкен назад пред малите екрани на нови и возбудливи начини. Ние разбираме колку значат овие филмови и заедно со нашите нови партнери, планираме да ги направиме новите филмови со достоинство, да го почитуваме минатото, да ја наместиме иднината, и да осигураме дека ке го одржиме најголемото ниво на квалитет кога е во прашање филмот”