Ова се трите најголеми гревови што може да ги направите: Ве следат низ животот, а кармата кога тогаш ќе ве стигне
Се верува дека постојат три најголеми гревови. Многу од луѓето веруваат дека човек се раѓа со својата карма која го следи од првиот до последниот ден од животот.
Тоа е некоја сила која апсолутно никогаш не спие и која секогаш ве набљудува. Кармата не ги памети само вашите дела туку и емоции.
Кармата гледа кога сте љубоморни на некого, кога некому му посакувате зло, кога некого го мразите поради неговата среќа – сето тоа се емоции кои имаат фреквенција и кармата ги препознава.
Ова се едни од најскапите долгови на кармата кои кружат.

Навреда на родителите
Во многу од списите од религиите и психологијата ќе пронајдеме причини зошто е важно да бидете добро дете на своите родители и зошто е важно да ги почитувате.
Секако, постојат и лоши родители кои не заслужуваат ништо од децата. Но, постојат и многу лоши деца кои не ги ценат и почитуваат своите родители. Кармата не сака такви односи. Да навредите добар родител е „долг“ којшто кармата кога-тогаш ќе го наплати.

Навреда и неверство на личноста која ве сака
Секој човек којшто ќе ја изневери искрената љубов се наоѓа на црната листа на законите на кармата. Да ја изневерите личноста која ве сака и која ви посакува само добро е понижувачка работа и тоа е нешто што кармата го наплаќа.
Неправедно обвинување
Кармата не сака лоши озборувања и не сака кога за човек се зборува неправедно и лажно. Додека тоа на луѓето им изгледа како забавна активности, кармата на тоа гледа со „сериозни очи“.