Овој папа го продал престолот, запаметен по скандали, сакал и да се ожени: „Живееше како ѓавол во тело на свештеник“
Папата Бенедикт IX останал запаметен во историјата како „господар на скандалите“. Владетел на папскиот престол во три различни наврати, тој единствено во историјата го продал својот понтификат, а неговиот начин на живот повеќе наликувал на развратен цар отколку на светец.
Бенедикт станал папа околу 1032 година, наводно на само 20-годишна возраст.
На чело на Ватикан дошол со поддршка на своето моќно семејство Теофилакт, кое во тоа време владеело со Рим од сенка.
Според тогашните хроники и записи, неговото папство било обележано со насилства, интриги и бројни сексуални скандали.
Во текот на својата власт, посакал Ватикан да го претвори во место за оргии, а неговиот живот бил преполн со разврат и пороци.

Го продал папскиот престол
Бенедикт IX е единствениот што три пати бил на чело на Римокатоличката црква. Еднаш го продал својот понтификат на својот кум Гргур VI, за сума од 1.000 фунти злато.
Исто така, изразил желба да се ожени, но подоцна се откажал од таа идеја.
Неговото развратничко однесување предизвикало голем шок и згрозеност.
„Живееше како ѓавол во тело на свештеник“, запишал неговиот современик, историчарот Дезидериј.

Со цел да ја стави крај на неговата власт и разврат, тогашниот император Хенри III свикал црковен собор, на кој присуствувале тројца папи – бидејќи во тоа време три различни лица се сметале за папа.
На тој собор, сите тројца биле сменети, а на чело на црквата бил поставен Клемент II.
Бенедикт IX се обидел да се врати на власт, но подоцна бил протеран од Ватикан.
Црквата неколкупати се обидела да го „избрише“ неговото име од историјата, но Бенедикт IX и понатаму често се спомнува. Денес, неговата приказна се користи како предупредувачки пример за тоа што се случува кога моќта и власта ќе паднат во погрешни раце.