Одлична почетна недела во бокс офисот за “Godzilla x Kong”
„Godzilla x Kong: The New Empire“ е ја отвори неделата со 80 милиони долари
Комбинацијата Годзила-Кинг Конг ги надмина очекувањата, бидејќи „Godzilla x Kong: The New Empire“ заработи 80 милиони долари на отворањето на бокс офисот викендов.
Спојувањето на чудовиштата од “Warner Bros.” и “Legendary Pictures” со Ребека Хол и Брајан Тајри Хенри во главните улоги го донесе второто највисоко отворањ, што е помалку од дебито на „Dune: Part 2“ за 81,5 милиони долари.
Проекциите го поставија првиот викенд на отворањето на „Godzilla x Kong: The New Empire“, во кој чудовиштата се здружуваат наместо да се непирјатели, поблиску до 50 милиони долари.,
Минатонеделниот број 1 на бокс-офисот, „Ghostbusters: Frozen Empire“ беше втор со заработка од 15,7 милиони долари за двенеделни вкупни 73,4 милиони долари.
„Dune: Part Two“ сеуште се “бори” во својата петта недела, паѓајќи на третото место со заработка од 11,1 милиони долари и вкупна сума од 252,4 милиони долари.