Одлучивте дали Канје е гениј или лудак? Еве ви шанса!
Во Америка, Супер Боул е еден од најголемите настани во годината. Гледаноста на настанот секоја година ги руши рекордите во Америка со над 100 милиони гледачи во просек.
Поради тоа, кога се во прашање цените за реклама на Супер Боул, станува збор за астрономски суми. Имено за 30 секунди реклама на полувреме, цената изнесува 7 милиони долари.
Покрај сите традиционални реклами, се појави една доста необична реклама на Канје Вест и неговиот моден бренд “Yeezy”.
Тој во видеото кажува дека ги потрошил сите пари за резервирање на рекламата, па не му останало ништо за снимање. Поради тоа морал да ја снима рекламата со својот телефон.
По помалку од 24 часа, тимот на Канје му прати извештај за резултатите од маркетингот за “Yeezy” и искрено да ви кажам, бројките се запрепастувачки.
Рекламата од 30 секунди го чинела 7 милиони долари, од таа реклама се добиле 294,357 нарачки, што во превод значи дека направил 19.3 милиони долари за помалку од 24 часа.