ЗабаваПопуларно

„Оло“ е сосема нова боја која ја виделе само пет луѓе во светот

Група научници тврдат дека откриле нова боја која никој досега не ја видел.

Истражувањето се заснова на експеримент во кој истражувачите вперувале ласери во очите на учесниците. Поради возбудувањето на специфичните ретинални клетки, научниците тврдат дека виделе сино-зелена боја што ја нарекоа „оло“.

Коавтор на истражувањето, Рен Енџи, професор на Универзитетот во Калифорнија, ги окарактеризира наодите – кои беа објавени пред неколку дена во списанието „Science Advances“ – како „извонредни“.

Сепак, експертите забележуваат дека постоењето на новата боја е „предметно на преглед“.

Професорката Енџи, една од петте кои учествуваа во експериментот, за програмата Today на BBC Radio 4 изјави дека „ореолот бил повеќе заситен од која било боја што можете да ја видите во реалниот свет“.

“Замислете цел живот да сте гледале само розеви, бебешки, пастелни розови. И еден ден, доаѓате во канцеларија и некој носи кошула која е најсветлата бебешка розова боја што сте ја виделе. И велат дека е нова боја и ние ја нарекуваме црвена”, објаснува тој.

„Од почетокот предвидувавме дека ќе изгледа како сигнал во боја без преседан, но не знаевме што ќе направи мозокот со него“, додава Енџи, електроинженер од Универзитетот во Калифорнија, Беркли. „Тоа беше зачудувачки. Тоа е неверојатно заситена боја“

„Невидливa“ со голо око

Меѓутоа, ласерот ги возбудувал специфичните клетки, „кои првично би испратиле сигнал во боја до мозокот кој никогаш не се појавува во природната визија“, се наведува во истражувањето, што во пракса значи дека „оло“ не може да се види со голо око во реалниот свет, туку само преку возбудување на специјални клетки.

За да ја идентификуваат бојата што штотуку ја виделе, секој учесник за време на експериментот приспособил посебен избирач на нијанси за да одговара на „оло“.

Сепак, некои експерти тврдат дека оваа нова боја е „субјективна“ и „прашање на лична интерпретација“.

Според професорот од Универзитетот во Лондон, Џон Барбур, кој не бил вклучен во истражувањето, иако студијата претставува „технолошки подвиг“ кога станува збор за стимулирање на селективни конусни клетки, откривањето на новата боја е „отворено за прашање“.

Додека Енџи признава дека е „сигурно технички многу тешко“ да се види Оло, неговата група ги проучува наодите кои на крајот би можеле да придонесат за истражување за далтонизмот.