ОПАСНОСТ ВО СЕКОЈ ДОМ, МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР ЗА СЕКУНДА Ако ги слушнете овие два звуци од бојлерот, НЕ ИГНОРИРАЈТЕ – веднаш повикајте мајстор!
Експертите посочуваат дека најчести причини за пожари се неисчистените оџаци, неправилната употреба на печките на дрва и јаглен, како и оставањето на греалките без надзор.
Бојлерите исто така можат да претставуваат опасност – особено ако не се редовно сервисирани.
Експлозиите на бојлер, иако ретки, можат да предизвикаат сериозни оштетувања, па дури и да доведат до трагедии.
Експерт објаснува дека котлите имаат три нивоа на заштита: регулациски термостат, заштитен термостат и сигурносен вентил. Секое од овие нивоа игра клучна улога во спречувањето на несреќи.
Мајсторите советуваат дека е императив да се реагира на специфични звуци што може да укажуваат на проблем со бојлерот, како што се шушкање, крцкање или неочекувано исклучување.

Овие звуци може да бидат знаци на прегревање, проблеми со термостатот или други дефекти.
Исто така, редовното проверување на температурата на водата и работата на светилката може да укаже на можни неправилности.
Вообичаено предупредување што многу луѓе го игнорираат е дека не треба да се капете додека е вклучен бојлерот.
Мајсторот Младен Алулоски посочува дека за време на туширањето треба да се исклучи бојлерот, бидејќи греалката може да се вклучи штом водата се олади, што може да доведе до струен удар доколку греалката се скрши.
Со цел да се спречат дефекти и опасности, експертите советуваат редовно чистење на греалката од бигор, најмалку еднаш годишно.
Ова чистење треба да го направи квалификуван мајстор, бидејќи несоодветното ракување може да биде опасно. Редовното сервисирање на бојлерот, со соодветно внимание на знаците на дефект, може значително да придонесе за безбедноста на домаќинството за време на грејната сезона.
Правилното одржување на грејните уреди, вниманието на оџаците и користењето на котлите според советите на стручњаците може да спаси животи и да спречи несреќи во текот на грејната сезона.