Забава

Осумгодишно девојче во САД го украло автомобилот на нејзината мајка и се упатило до продавница (ВИДЕО)

Семејство пријавило дека нивната осумгодишна ќерка исчезнала во Охајо. Никаде не можеле да ја најдат, а вистинската паника настанала кога на надзорната камера на соседот откриле дека девојчето влегло во автомобилот на нејзината мајка и тргнало во непознат правец. За среќа полицијата ја нашла во продавница оддалечена 17,7 километри.

Според полицискиот извештај, девојчето било пријавено за исчезнато на 15 септември, нешто пред 9 часот. Девојчето се оддалечило со семејниот автомобил околу 7 часот, а полицијата успеала да ја лоцира на паркингот на синџир продавници во соседниот град Бејнбриџ.

Според Google Maps, на девојката и биле потребни 25 минути да стигне до својата дестинација по најбрзата рута, притоа почитувајќи го ограничувањето на брзината. Полицајците ја нашле во продавницата здрава и неповредена. Сепак, таа призна дека удрила во поштенско сандаче на пат кон продавницата.

Бидејќи приказната имала среќен крај, полицијата во Бедфорд се пошегувала на својата Фејсбук страница.

„Не сме сигурни што купила или дали можела да го искористи попустот од пет проценти. Ја оставивме да го доврши своето фрапучино. Не сме злобни“, напишале тие.