Забава

Отиде на состанок од пеколот, стануваше се полошо и полошо! “Овие девојки мислат дека сум глупав. Но не сум” (ВИДЕО)

Џони, американски тиктокер кој објавува под профилот „_JohnnyAmerica“, ја сподели приказната во вирално видео за тоа како откачил девојка со која бил на состанок заедно со нејзината пријателка затоа што нарачувале скапа храна на неговата сметка.

Тој објасни дека договорил средба со девојката преку апликацијата за запознавање “Hinge”, која им предложила да се сретнат во хибачи ресторан, во кој се служи традиционална јапонска скара.

Иако планирал состанок само со неа, девојката ја донела својата пријателка и го прашала дали може да остане, на што тој се согласил, иако немал многу избор.

Девојките го нарачаа луксузното „surf and turf“, кое е комбинација од морска храна и месо, заедно со неколку пијалоци и аперитиви, додека Џони скромно порача само пилешко и ориз.

Кога дошло време за плаќање, девојките предложиле да ја покријат сметката со една картичка, но Џони ја искористил приликата да ја замоли келнерката да ги спакува остатоците, велејќи дека оди во тоалет.

Наместо тоа, излегол од ресторанот и си заминал дома, а на девојките им оставил неплатена сметка.

Следниот ден се вратил во ресторанот за да провери дали сметката е платена и дознал дека девојките повикале друг маж кој 30 минути по заминувањето на Џони им ја платил сметката.

Неговата приказна предизвика многу коментари на Тикток.

Некои го поддржаа велејќи дека постапил правилно, а други претпоставуваа дека ова не е прв пат девојките да користат таква тактика.

„Момци, што би направиле?” праша тој на крајот од видеото, што предизвика дискусија меѓу гледачите.