Забава

Откриени плановите за холивудска кула во форма на спирала вредна 1 милијарда долари

Архитектот Норман Фостер ги откри плановите за нова канцелариска кула во Лос Анџелес вредна 1 милијарда долари, на која ќе се излева зеленило од низата тераси кои се вртат на нејзината фасада.

Предлогот кој формално беше доставен до властите за градско планирање , ќе ја трансформира локацијата од два хектари на булеварот Сансет во Холивуд во работно место од 22 ката во забавната индустрија наречена “The Star”.

Дигиталните нацрти од висококатницата, објавени од британската архитектонска фирма “Foster + Partners”, покажуваат издигнати градини преполни со растенија и дрвја, како и надворешни палуби и модерен деловен простор.

Во изјавата, Фостер го опиша како „вистински одраз на работното место на иднината, негување на заедницата и соработката“.

Составен главно од канцеларии и наведен како „модерна знаменитост“, „The Star“ ќе ги смести фирмите за забава и „најдобрите креатори на содржини во Холивуд“, велат од “Foster + Partners”. Тековните планови вклучуваат простор за производство, галерија, театар за прикажување, ресторан на покривот и „простори за собир“ на приземје.