Открила дека дечкото ја изневерува поради детаљ во автомобилот – луѓето масовно ги споделуваат своите приказни, шок на денот!
„Лудо е што на овој начин дознав за другата девојка“, напиша во видеото.
Тиктокерката ЏоЏо, која објавува содржини под профилот @joiederouen, открила дека дечкото ја изневерува само поради еден мал, но јасен детал во неговиот автомобил.
Во кратко видео, кое собра повеќе од 11 милиони прегледи, таа зумирала огледало на совозачкото седиште за да покаже многу јасни траги што ги оставил додатокот за телефон Octobuddy.
Octobuddy е држач за телефон со вакумски чашки, кои се лепат на рамни површини, а често ги користат возачите и патниците за снимање во автомобил. Така, ЏоЏо претпоставила дека тие трагите значат дека нејзиниот дечко не ѝ е верен.
Вирален тренд: Тиктокерите споделуваат свои искуства
„Хаха, дознав кога видов дека на Блутутот во неговиот автомобил пишува ‘Медисонин iPhone’.“
„На Божиќ најдов порака од нејзиниот љубовник. 32 години брак.“
„Дознав кога најдов омот од букет цвеќе на подот во неговиот автомобил, а јас не добив таков букет.“
„Го открив по отисокот од чевелото на внатрешната страна од шофершајбната.“
Коментарите отворија дебата
Големиот број исповеди за неверство предизвикаа реакции меѓу корисниците на ТикТок.
„Проклетство, овие приказни се навистина тешки. Испраќам љубов до сите на кои им е потребна“, напиша еден коментатор, додека друг додаде:
„Целиот дел за коментари има потреба од терапија.“
А вие? Дали некогаш сте дознале за неверство на неочекуван начин?