Паднал од четврти кат додека бегал од сопругата: Го фатила со љубовница, следела драма
Шеесет и шестгодишен маж се здобил со тешки повреди во петокот додека се обидувал да се симне од четврти кат на хотел во германскиот град Равенсбург, на југот на Германија, користејќи врзани чаршафи, соопшти локалната полиција.
Оваа бизарна приказна доаѓа од Германија. Несреќниот човек бил во хотелска соба со љубовницата кога неочекувано на вратата се појавила – неговата сопруга.
Очигледно инспириран од филмски сцени, 66-годишниот маж импровизирал со врзани чаршафи во обид да избега од ситуацијата, но се лизнал и паднал на настрешница. Полицијата соопшти дека претрпел тешки повреди, но не е во животна опасност.
Некои би рекле – карма на дело.
