Поделена јавноста по новата жешка сцена на Џена Ортега
Џена Ортега се прослави во јавноста со нејзината улога во хит-серијата “Вендздеј” во која ја игра улогата на Вендздеј Адамс од “Adams Family”.
Додека трпеливо ја чекаме втората сезона од серијата, Џена Ортега, нормално си наоѓа и други филмски улоги.
Нејзината најнова улога е во филмот наречен “Miller’s Girl” заедно со Мартин Фриман (попознат од неговата улога во Хобитот и Господар на прстените).
Приказната на филмот се врти околу задача по литература во школо. Мартин Фриман е професорот, а секако дека студентката е Џена Ортега.
Во филмот, 21 годишната актерка се појавува во повеќе секс сцени, во едната е со друга девојка, а контрoверзната е со Мартин Фриман, нејзиниот професор кој може да се види како ја грапчи. Погледнете ги видеата подолу.
Со оглед на тоа што Џена Ортега растеше пред очите на многумина симпатизери, логично беше реакцијата на ваква сцена да е измешана.