Забава

Покажала нејзина фотографија и почнала да плаче: Баба од Србија ја бара својата пријателка која не ја видела 60 години

Една баба од Србија ја бара пријателката која ја нема видено повеќе од 6 децении.

„Последен пат се видовме во Богословијата во близина на манастирот Крка, каде што работевме заедно. Нејзиното име е Цана Пејатовиќ и би сакала да се сретнеме и чуеме“, со солзи во очите раскажала оваа баба, а видеото се појави на ТикТок.

Ја снимил нејзиниот внук Душан и ги замолил луѓето да коментираат и лајкуваат што е можно повеќе како видеото би станало вирално и допре до поголем број корисници на „TikTok“, но и да се прошири на други дигитални платформи каде би секој, кој има каква било информација, би можел да им помогне во пронаоѓањето на пријателката Цана од Чачак.

Бабата ја покажала и нивната последна заедничка фотографија од младоста, со цел да го приближи до луѓето ликот на Цана, а бабата и внукот се надеваат дека пријателката е жива.