ЗабаваПопуларно

Популарната Хурем го смени изгледот, фановите воодушевени: „Ти си најубава“

Актерка Мерјем Узерли, која многумина ја паметиме по улогата на Хурем, одлучила да го смени изгледот.

Мерјем одлучила да ја смени бојата на коса во руса, а фотографиите од фризерскиот салон биле објавени на нејзиниот Инстаграм профил.

„Изгледаш како да имаш 25 години“, „Погледнете ја оваа убавина“, „Сѐ убаво ти стои, но оваа боја на коса навистина те прави посебна“, „Ти си една од најубавите жени на сите времиња“, биле дел од комплиментите кои актерката ги добила од своите обожаватели.

Турчинката својот приватен живот го чува подалеку од очите на јавноста. Во 2014 година ја добила ќерката Лара Јемим со бизнисменот Кан Атесз. Втората ќерка Лили Кои ја родила во 2021 година, но не сакала да открие кој е таткото, па порачала дека некои работи од приватниот живот сака да ги зачува за себе.