По изборите во Истанбул граѓаните на улица славеа со песна од Нада Топчагиќ
На интернет се проширила вчерашната снимка од Истанбул настаната по победата на опозицијата на локалните избори.
Во населбата Бајрампаша луѓето се веселеле со песната „Јутро је“ која ја пее српската пејачка Нада Топчагиќ. Интересно е дека меѓу насобраните кои во рацете држеле турски знамиња можело да се види и знаме од поранешна Југославија. Се славело и во други делови на Истанбул.
Потсетуваме, истанбулскиот градоначалник Екрен Имамоглу, кандидат на турската опозициска партија „CHP“ прогласил победа велејќи дека води со повеќе од милион гласови откако биле преброени 96 проценти од гласачките ливчиња.