ЗабаваПопуларно

По мозочен удар, еден човек го заборавил мајчиниот јазик и зборувал дански

Турчинот Рахми Карадемир (67) заборавил турски и зборувал дански по операција во градот Коња, на која му била извршена по мозочен удар.

Карадемир, татко на седум деца, живеел во Данска 20 години пред да се врати во Турција, а пред десет години се населил во Коња.

Тој беше опериран на коленото минатата недела на Ортопедскиот оддел на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Селчук.

Два дена по операцијата, десната рака и нога наеднаш му ослабнале, додека говорот му бил отежнат, а лекарите откриле дека причината е згрутчување на крвта во една од главните артерии на левата страна на мозокот.

Лекарите направиле итна ангиографија и го отстраниле згрутчувањето, а по зафатот, главните невролошки симптоми почнале брзо да исчезнуваат, но Карадемир заборавил да зборува турски, иако го разбира, додека пак продолжил да зборува дански, кој со години не го користел.

Пациентот бил вознемирен бидејќи не знаел турски, но лекарите велат дека брзата интервенција спречила поголеми компликации.

„Забележавме дека пациентот повеќе не зборува турски, туку течно зборува дански, јазик што мислевме дека го заборавил. Во медицинската литература се опишани ретки случаи кога повеќејазичните луѓе губат еден јазик како резултат на мозочен удар, а другиот одеднаш станува активен. Способноста да зборува барем еден јазик по мозочен удар е важна предност за подоцнежна рехабилитација“, рече доктор Гокам Оздемир.