Прашање што предизвика дебата на социјалните мрежи: За што служат хоризонталните линии на пешкирите?
Наизглед незначителен детаљ на еден секојдневен предмет, како што е пешкирот, предизвика жестока дискусија на интернет.
Овој пат не станува збор за материјалот или бојата, туку за „чудната“ лента на крајот од пешкирот. Софтверскиот инженер Нејт МекГрејди ја сподели својата недоумица на платформата X, прашувајќи која е вистинската намена на оваа лента – нешто што многумина го забележале, но ретко кој гласно го прашал. Покрај тоа, саркастично предложи дека таа лента е таму само за пешкирот постојано да се витка и да нè поттикне да купуваме нови.
Реакциите беа бројни и духовити, со теории дека лентата служи само за да нè нервира или дека е трик на производителите за да ја намалат мекоста на пешкирот. Некои, пак, тврдеа дека има практична функција – помага да се разликува горната и долната страна, со што се избегнува користење на истата површина за лицето и задниот дел од телото.

Сепак, зад сите овие шеги, постои рационално објаснување. Лентата, позната како “dobby border”, всушност има многу корисна функција.
Текстилните експерти објаснија дека оваа лента помага да се зачува структурата на пешкирот, спречува негово виткање, ја продолжува издржливоста на ткаенината, го намалува абењето и служи како декоративен елемент. Поради погустото ткаење, овој дел од пешкирот впива помалку вода.
Американски веледрогерија за пешкири исто така потврди дека овој раб ја подобрува издржливоста, спречува деформации и му дава на пешкирот поубав изглед.
Значи, иако можете и понатаму да ја користите лентата како водич за бришење на различни делови од телото, сега ја знаете нејзината вистинска функција.