Забава

Проголтал обетки вредни 500.000, еве како бил откриен

Полицијата објави рендгенска снимка на која се гледаат сомнителни предмети во неговиот стомак.

Крадец од Флорида проголтал украдени обетки вредни повеќе од 500.000 долари, само неколку моменти пред да биде уапсен минатата недела.

Полицијата во Орландо го обвини 32-годишниот Џејтан Гилдер, кој ги измамил вработените во „Tiffany & Co.“ во продавница на Флорида, тврдејќи дека е професионален спортист. Ова ги натерало вработените да му покажат неколку скапоцени парчиња накит.

Но, наместо да купи нешто, Гилдер ги украл обетките и истрчал од продавницата.

Обид за уништување на доказите

Кога полицијата го стигнала истиот ден, забележале дека голта неколку предмети, за кои подоцна се утврдило дека се украдените обетки, соопшти полицијата.

Освен тоа, тој се обидел да украде два пара обетки вредни 769.500 долари, како и дијамантски прстен, кој му испаднал додека бегал од продавницата.

Полицијата потоа објави рендгенски снимка на кој јасно се гледа необичен предмет во неговиот стомак.

Серија криминални дела

Истражителите открија дека Гилдер и претходно крадел – во 2022 година ограбил ист бутик во Тексас.

Дополнително, во соседниот Колорадо против него постојат 48 налози за апсење.

Полицијата го обвини за разбојништво со маска и тешка кражба од прв степен, вклучувајќи украдена стока во вредност поголема од 100.000 долари.