Забава

Работи 3 и пол минути годишно, а заработува 150.000 долари

Љубителите на Формула 1 веројатно знаат да го преведат “The jack guy”, а бидејќи ние не можеме да најдеме соодветен превод, ќе го наречеме само човекот со дизалицата.

Според стенд ап комичарот Сајмон Бродкин, “the jack guy” кој е дел од механичарскиот екипаж во пит-стопот на Ф1 тимовите, ја има најлесната работа на светот, а заработува повеќе од 10.000 евра месечно.

„Гледав Формула 1 пред некој ден, бидејќи не можев да го најдам далечинското. Болидите доаѓаат кон пит-стопот, 25 механичари одат кон возилото. Ги менувааат сите 4 тркала за 3 секунди. Ама меѓу нив има еден дечко, тој со дизалицата. Формулите влегуваат три пати во пит-стоп, по 3 секунди секој пат, па неговата работа трае 9 секунди. Во сезоната има 23 трки, па тој работи 3 и пол минути годишно, а заработува 150.000 фунти годишно“, вели Бродкин.

Погледнете го видеото, посмешно е со неговите гестикулации: