„Разбирам дека Шведска е уредена земја, но луѓе – опуштете се“: Александар возел велосипед, а потоа Швеѓанец застанал пред него и почнал да вика …
Александар од Србија, кој повеќе од шест години живее во Шведска, сподели што му се случило кога возел велосипед по тротоар – што таму е строго забрането!
Шведска важи за уредена земја во која правилата строго се почитуваат, но според Александар Крајновиќ, Србин кој живее во Шведска веќе шест години, луѓето таму ги сфаќаат правилата премногу буквално и се претерано формални.
Тој често зборува за животот во Шведска на TikTok, а овој пат раскажа што му се случило неодамна, кога неколку метри возел велосипед по тротоар – што е забрането!
„Еве што значи да си Швеѓанец!“
„Го паркирав велосипедот пред продавница, а потоа продолжив по патеката за да излезам на улица. Возев по самата страна, со брзина од едвај два километри на час, бидејќи, секако, таму поминуваат луѓе. И тогаш одеднаш еден Швеѓанец застана пред мене … “, започна тој на TikTok, каде има профил „alexkrajnovic“.
Александар во видеото покажа како човекот застанал пред него и почнал да мавта со рацете.

„Не смееш да возиш велосипед тука, не смееш …“ – почна да ми вика и не ме пушташе да поминам – раскажува Александар, кој вели дека не бил изненаден од реакцијата.
Веќе сум навикнат на вакви ситуации, истово ми се случи два пати претходно. Не велам дека човекот не е во право, но, луѓе, малку смирете се! Разбирам дека треба да се живее според правилата, но не мора секогаш да бидете толку стегнати – вели тој и додава дека, иако му одговара што во Шведска има строги правила, понекогаш луѓето претерано ги почитуваат.
Понекогаш навистина се премногу ограничени. Опуштете се, Швеѓани, опуштете се. Бидете малку покул – вели Александар.

„На роденден платив сè што јадев и пиев – а не го ни одбрав јас“
Александар претходно раскажа и како на роденден кај пријател платил сè што јадел и пиел, без самиот да одбере што ќе консумира.
Бев на 30. роденден на пријател, а бидејќи славењето беше во ресторан, нарачавме храна и пијалак. Не беше како кај нас на Балканот, со погачи, чипс и сè и сешто на маса – раскажа тој во едно од претходните видеа.
Во еден момент, доаѓа келнерот, славеникот станува и нарачува за сите нас. Ни донесоа мени, можевме да погледнеме, но тој сам нарача за сите – некое мешано месо со сосови. Имаше 15-20 луѓе. По час и половина, славеникот стана и ни кажа дека можеме да одиме до шанкот да си ја платиме нашата храна и пијалок. Верувајте ми, така беше! – се чуди Александар.

Тој додава дека сите гости без никаков проблем станаа да платат, бидејќи повеќето биле родени во Шведска.
Гледам двајца пријатели од Балканот и им пишувам порака: „Дали ова е реално или некој се шегува?“ – вели тој.
„Жали Боже за подарокот …“
Кога е 30. роденден, обично купуваш нешто поголемо. Ние купивме скап парфем. Скап парфем! Жали Боже! Кога ги видов другите подароци … Луѓето му донеле евтино вино, протеинско чоколатце, друга чоколатка. Сега знам за следниот пат – завршува Александар.
Летото е сè поблиску, а ѕвездите во наредните месеци ќе бидат особено наклонети кон неколку хороскопски знаци, кои ќе имаат
Британската морнарица се подготвува да распореди стотици подводни дронови управувани со вештачка интелигенција, со цел да ги открива руските подморници
Организаторите на фестивалот јавно го окарактеризираа како лош пример. Правилникот беше ажуриран поради неа, со пораката – не се облекувајте
Цената за резервација изнесува само 50 долари, што значи дека компанијата веќе има собрано над 5 милиони долари преку уплати
Мајка ѝ ја оставила кога имала само пет години. Ја посетила еднаш во домот за деца без родители, но не
Откако беше пријавена за исчезната во Тајланд, британска тинејџерка е уапсена во друга земја – речиси 4.000 милји подалеку. Семејството