ЗабаваПопуларно

Рафинирано, елегантно и популарни: Еве како да добиете сребрени велигденски јајца со совршен сјај!

Металик јајцата станаа еден од најпопуларните украси во последните години – изгледаат многу префинето и елегантно, а ние ви подготвивме трик како да ги направите дома.

Еден од најрадосните христијански празници Велигден е се поблиску, а домаќинките секојдневно бараат разни идеи и размислуваат како да украсат јајца оваа година.

Во својата желба да бидат што поубави, тие прибегнуваат кон разни трикови и снаодливи техники. Готвење во кори од црвен кромид, класични бои, цртање со восок или користење на други методи се само дел од начините за украсување на велигденските јајца.

Металик јајцата станаа еден од најпопуларните украси во последните години – изгледаат многу префинето и елегантно, а ние ви подготвивме трик како да ги направите дома.

Потребно е:

варени јајца
алуминиумска фолија
белки од јајца
природен лепак

Подготовка:

Сварете ги јајцата и оставете ги да се изладат. Потоа исечете ја алуминиумската фолија и изматете ги белките. Јајцето премачкајте го со белка и залепете го, па врз него залепете ја фолијата. Откако ќе се исушат јајцата, оставете ги кратко да се исушат дополнително, па ставете ги во сад.