Рибарање претворено ХОРОР! Делфин тежок над 400 килограми скокнал во чамецот и предизвикал тотален хаос!
Делфин долг 3,4 метри и тежок речиси 410 килограми изненади тројца Новозеланѓани додека ловеле риба во близина на Северниот остров
Морскиот цицач скокнал од водата и слетал директно на нивниот чамец, предизвикувајќи хаос во водата.
Сопственикот на брод Ден Харисон го опишува моментот кога видел сенка на светлото летно сонце и слушнал силен звук, но не можел да предвиди дека голем делфин.

“Еден момент се беше во ред, а потоа делфинот одеднаш скокна од водата и предизвика тотален хаос. Бродот почна да се лула, а риболовните прачки се скршија”, рекол Харисон.
Иако за среќа се здобиле само со полесни повреди, еден од рибарите ги повредил раката и рамото. Дополнително, чамецот претрпел штета – искршени се риболовните прачки и оштетен е лакот на чамецот.
Тројцата мажи не можеле сами да го вратат делфинот во водата бидејќи бил преголем, па го испрскале со вода и го покриле со влажни крпи додека чекале помош.
Откако ја алармирале Новозеландската агенција за зачувување, мажите биле упатени на рампата со брод, каде што ги чекале спасувачите.
На брегот, членовите на локалното племе Маори се молеле за делфинот пред да биде вратен во океанот со помош на трактор. Делфинот го добил името „Тохо“, што значи „знак“ на маорскиот јазик, а станал и името на чамецот на Ден Харисон.