„Сакав да направам ДНК-тест со дечко ми од забава: Чекавме резултати, а кога пристигнаа – не можев да му ја кажам вистината“
Пренесуваме исповед на девојка која реши да направи ДНК-тест со својот дечко, но остана без зборови кога ги виде резултатите.
Сè повеќе луѓе ширум светот решаваат да направат ДНК-тест од љубопитност – за да дознаат повеќе за своето потекло и семејна историја. Но, за една жена, овој популарен тренд се претвори во вистински шок кога откри нешто неверојатно за нејзиниот партнер со кого е во врска шест години.
Анонимна жена, на 30-годишна возраст, откри на платформата Reddit дека била посвоена како бебе, но вистината ѝ била откриена дури кога тргнала во средно училиште. „Не се почувствував изневерено, ниту ми беше премногу важно. Ги сакам моите посвоители, а и тие мене. Кого му е гајле што не се мои биолошки родители“, напиша таа.
Нејзиниот дечко исто така бил посвоен – што, како што вели, била една од поврзувачките точки кога се запознале. Опишувајќи ја нивната шестгодишна врска, таа рече дека веднаш се разбрале.

„Веднаш почувствувавме привлечност. Никогаш претходно не сум запознала некој со кој сум се чувствувала толку поврзано“, напиша.
Но, како што откри подоцна, причината за таа блискост била – шокантна.
„Сега знам дека таа поврзаност и чувството дека се знаеме цел живот – е затоа што тој ми е брат. Не полубрат. Ми е роден брат.“
Жената признава дека заедно поминале низ сè што подразбира една долготрајна врска.
„Си кажавме дека се сакаме, имавме интимни односи, славевме годишнини, ги запознавме семејствата. Среќна сум што двајцата уште од почеток се согласивме дека не сакаме деца – поради што тоа никогаш не се случи“, напиша.

Нивните животи целосно се сменија кога решиле да направат ДНК-тест за да дознаат повеќе за потеклото. По испраќањето на примероците, чекале околу еден месец за резултатите.
„Бев возбудена да видам од каде потекнуваме, но уште пред тоа – видов дека сме брат и сестра. Бев шокирана, да бидам искрена. Дури што дознав и не му кажав веднаш на дечко ми“, напиша на Reddit.
„Навистина се надевам дека направиле грешка, но сега многу нешта почнуваат да имаат смисла. Луѓето често ни велат: ’Многу личите‘, или ’Тој е машката верзија од тебе‘.“
Таа признава дека ова откритие целосно ја потресло и не знае што да прави.

„Сè уште го сакам мојот дечко/брат и сме заедно шест години. Имаме куќа и изграден живот“, напиша.
Откако конечно му ја кажала вистината, заедно решиле да направат уште еден ДНК-тест за да ги потврдат или негираат резултатите.
„Но, гледам дека и тој е исплашен. И беше чудно да лежиме заедно во кревет“, заврши таа.
Сè уште нема информации што се случило со парот и какви биле резултатите од вториот тест.