Забава

Сара пронашла одамна заборавен предмет во куќата на нејзината баба: Многумина не знаеле за што служи

Тиктокерка по име Сара неодамна објави видео од украсен предмет кој го пронашла во домот на нејзината баба, што збуни многу корисници.

Таа, исто така, напиша криптична порака, што дополнително ја „загрева“ мистеријата: „Толку пати сум поминала покрај оваа работа во последните 20 години и дури сега сфаќам за што служи“.

Клипот брзо стана вирален и „собра“ повеќе од 4,6 милиони прегледи од 22 октомври.

До скалилата стои необичен предмет, а гледаме како рака се приближува.

Авторот потоа ги зема металните „ливчиња“ и ги става на страна, но и тоа не беше доволно за луѓето да сфатат за што служи.

„Дали само ја најдов она што мислам дека сум го нашла?“, напиша таа.

Сара додала дека нејзиниот татко се сеќава на еден необичен предмет во куќата во раните 1970-ти, навестувајќи ги неговите „винтиџ“ корени, пренесува Newsweek.

@secondhandsarahtonin

I’ve walked past this thing so many times in the last 20 years and i’m just realizing 😱 #secondhandsarahtonin #vintage #vintagehomedecor

♬ Falling Leaves – Glenn Miller & His Orchestra

Гледачите беа воодушевени, а многумина шпекулираа за неговата намена. Неколкумина веднаш сфатија за што се работи.

Тоа е украсен пепелник во форма на цвет!

„Вистински винтиџ забавен пепелник“, напиша едно лице.

Поединци се присетија на слични предмети од нивните домови, нагласувајќи дека украсните пепелници некогаш биле вообичаени во домовите.

Дали имате слична „декорација“ во вашата куќа?