Саудиска Арабија за прв пат во историја со натпреварувачка за Мис универзум
Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка родена во Ријад ќе ја претставува Саудиска Арабија на натпреварот за прв пат во историјата на Саудиска Арабија.
„Чест ми е што учествувам на натпреварот за Мис Универзум 2024 година. Ова го означува првото учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум“, објави Алкахтани на својот Инстаграм профил.
Алкахтани ја следи Лујане Јакуб, која го претставуваше Бахрaин на изборот за Мис Универзум минатата година, станувајќи првата жена од регионот на Персискиот залив што го сторила тоа.
Изборот за Мис Универзум оваа година ќе се одржи во Мексико, а оваа година ќе дебитира и Иран.