Седна на улица и се преправаше дека е просјак! Сумата на пари што ја собра за еден ден ке ви го СВРТИ ПАМЕТОТ! Оваа сума не ја очекувате!
Панта Деб, креатор на содржини од Калкута, реши да ги истражи реакциите на луѓето на улица преправајќи се дека е просјак.
Деб облекол искината облека и излегол на улиците на својот град, каде од минувачите барал пари. Својот експеримент го документира во вирално видео кое брзо го привлече вниманието на мрежите.
Според извештајот на “NDTV”, Панта Деб обиколил повеќе локации, вклучително и прометни улици и автобуски штандови, и ги снимил различните реакции на минувачите. На крајот од денот собрал 34 рупии (што е помалку од едно евро), кои и ги дал на една постара бездомничка.
Видеото стана вирално и доби илјадници лајкови, но предизвика различни реакции кај гледачите.
Додека некои го критикуваа креаторот дека користел хуманитарен гест за да стекне популарност, други ја пофалија неговата автентичност и несебичниот крај на експериментот.
„Луѓето ќе направат се за популарност“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Кога немате работа, наоѓате креативни начини да заработите пари“.
Од друга страна, многумина изразија длабока почит за неговиот гест. „На крајот ми го допре срцето“, призна еден од гледачите.