Се будите секоја ноќ околу 3 часот? Не сте единствени – еве што тоа значи
Според старото западнохристијанско верување, вештерките, демоните и духовите се најактивни помеѓу три и четири часот по полноќ, кога речиси и да нема верници што се молат за заштита, па нивните сили се сметале за најсилни.
Во тоа време, верувало старото предание, заштитата помеѓу нашиот и демонскиот свет е најслаба. Вештерките и духовите можат слободно да „патуваат“ од еден во друг свет, а силите на црната магија полесно да превладеат.
Поради овие верувања, жените кои биле фатени надвор од своите домови во ова време, често биле погубувани под претпоставка дека се вештерки.

Во Европа тоа го означило почетокот на ловот на вештерки. Болестите, војните и несреќите се припишувале на нивното дејствување и на луѓето за кои се верувало дека практикуваат магија, особено ноќе, кога нивната моќ, според верувањето, била најсилна – помеѓу три и четири часот.
Многу луѓе низ вековите биле гонети и убивани само затоа што биле видени надвор во тоа време или биле обвинети дека биле „забележани низ прозорецот како изведуваат чудни обреди“.

Трендот се повторувал во неколку наврати, а во 1835 година терминот „часот на вештерките“ за првпат се појавил во црковните записи.
Постои одредена подударност која ја поддржува теоријата дека ова е „проколнато“ време. Истражувањата покажуваат дека токму меѓу три и четири часот во болниците се бележат најмногу смртни случаи. Исто така, најголем број луѓе кои се будат ноќе, се будат токму во овој период, честопати сведочејќи за чувство на дезориентација и чудна енергија.

Исто така, најмногу случаи на парализа на сон (чувство дека сме будни, но не можеме да мрднеме ниту еден дел од телото) се јавуваат токму во ова време. И психолошката литература спомнува дека искуствата со привиденија и чувството на „нечија присутност“ се најчести помеѓу 3 и 4 часот.
Се разбира, научниците имаат свое објаснување. Според бројни истражувања, нивото на мелатонин во телото е највисоко околу 3 часот по полноќ, а потоа почнува да опаѓа, што се совпаѓа со крајот на една од REM фазите на спиење.
Мелатонинот е хормон кој го регулира сонот, и кога неговото ниво паѓа, можно е спиењето да стане полесно и да дојде до будење.
Прифатливо објаснување, секако, но сепак остава простор за размислување – што ако има нешто повеќе?