Забава

„Се венчавме, но се се ПРЕТВОРИ ВО ПЕКОЛ“ – Балканец ја отвори душата за распаѓање на бракот, очајно бара помош

Бракот за многумина изгледа како остварување на сонот – почеток на заеднички живот исполнет со љубов, планови и големи очекувања.

Но, реалноста често носи непредвидени предизвици. Проблемите во врската, стресот и секојдневните обврски брзо можат да ги изгаснат емоциите што некогаш биле силни и непобедливи.

Токму тоа му се случило на еден маж од Србија кој, барајќи поддршка и разбирање, ја споделил својата болна исповед за бракот на „Редит“. Неговите зборови одекнуваат како крик: „Нашиот брак сега повеќе личи на тишина отколку на љубов.“

Во својата исповед открива дека првите шест месеци од врската со сегашната сопруга биле исполнети со страст, внимание и разбирање. Иако живееле на околу еден час растојание, и двајцата се труделе да ја одржат врската.

Но, откако започнале да живеат заедно, сè се сменило.

„Секојдневно се расправаме, најмногу поради моето незадоволство на работа. Физичката блискост исчезна, комуникацијата речиси целосно престана. Поминуваат недели без да се допреме или искрено да разговараме.“

Во надеж дека работите ќе се подобрат, одлучил да ја запроси. Се венчале минатата година, но – како што вели – ситуацијата станала уште потешка.

„Бракот само ги оголи сите проблеми што веќе постоеја. Емоционалната дистанца меѓу нас е сè поголема. Искрено, не знам како да го поправам она што некогаш беше совршено.“

Неговата исповед предизвикала голем број реакции и коментари. Многумина се препознале во неговите зборови, додека други се обиделе да му понудат конкретни совети за спас на бракот.

„Дали си ѝ го кажал сето ова? Искрениот разговор е првиот чекор. Ако двајцата сакате да успеете, размислете за брачно советување – тоа може да биде клучно“, напишал еден корисник.

Други нагласиле дека бракот не може да го спаси само еден човек. Потребна е волја од двете страни.

Најчесто повторуван коментар се однесувал на идејата дека дете може да биде „лепило“ за брак кој се распаѓа.

„Ако бракот не ви функционира сега, детето нема да ги поправи работите – само ќе ги комплицира дополнително. Прво решете ги проблемите, па потоа размислувајте за родителство.“

Меѓу многуте коментари, особено се издвојува следниот совет:

„Бракот не е совршен, ниту треба да биде. Домот не треба да биде бојно поле, туку место каде што се чувствувате прифатени. Ако двајцата сакате да го поправите односот – тоа веќе е половина успех.“

Овие лични искуства на парови кои минале низ брачни кризи потсетуваат дека спасот на бракот зависи од подготвеноста за искрен разговор, саморефлексија и стручна помош.

Некогаш тоа не е крај – туку почеток на нешто подобро.