Се омажив на 17, родив на 18 години: А потоа свекрвата ми направи пекол од животот и го уништи мојот брак
Ми забележуваше на сè – дека не знам да готвам, дека лошо чистам, дека трошам премногу пари. Мојот сопруг само ја слушаше и се согласуваше со сè што ќе кажеше.
Се омажив на 17 години, а мојот избраник имаше 28. На 18 веќе бев бремена. Ни се роди прекрасно, здраво синче. Бев најсреќната на светот. Мислев дека сум добила премија, бидејќи покрај човек постар од мене 11 години се чувствував сигурно, како зад камен ѕид.
Но, тоа беше само на почетокот.
Подоцна почнаа бескрајните караници и скандали – не со мојот маж, туку со неговата мајка.
Ми забележуваше на сè – дека не знам да готвам, дека лошо чистам, дека трошам премногу пари. Мојот сопруг само ја слушаше и се согласуваше со сè што ќе кажеше. А сето тоа започна уште пред да се роди нашиот син.
По неговото раѓање, ситуацијата уште повеќе се влоши.
Свекрвата постојано повторуваше дека не го држам правилно во раце, дека го хранам погрешно, дури и масажите не ги правам како што треба.
Но, нашиот педијатар ми кажуваше дека одлично се снаоѓам во улогата на мајка.
Со текот на времето, ситуацијата стануваше сè посериозна.
Свекрвата тврдела дека треба да ми ги одземат родителските права бидејќи немам поим како да го воспитувам детето.
Еден ден ми рече дека ќе ја повика социјалната служба.
Тогаш сфатив дека е крај.
Го повикав татко ми и го замолив да дојде по мене. Во меѓувреме брзо ги пакував работите во куфер.
Додека пакував, не можев да поверувам дека мојот маж мирно седи во кујната со мајка му и воопшто не реагира на тоа што се случува.
„Се разбира,“ – си помислив – „мама не му кажа да направи нешто …“
Кога ги ставив куферите во автомобилот и сама седнав внатре, со олеснување воздивнав – ноќната мора заврши.
Наредниот пат јас и мојот син контактиравме со поранешното семејство само кога дојде прашањето за алиментација.
Беа одлучни да не ни дадат ниту денар.
Свекрвата тогаш својот сакан внук, кој според неа бил „слика и прилика“ на неговиот татко, го нарече копиле.
Тогаш уште еднаш се уверив дека ја донесов вистинската одлука.
Ако претходно се обвинував себеси што сина ми го „лишив“ од татко, сега бев сигурна: не го лишив од татко, туку го спасив од татко.