ЗабаваПопуларно

Сметката од пазарењето во Русија го остави Такер Карлсон гневен

Такер Карлсон на своето патешествие во Русија одлучил да снима како изгледа пазарењето во Русија и колку тоа би чинело.

Во видеото, Карлсон прави споредба од тоа како се прикажани руските продавници во Америка и какви всушност се во живо. Поради тоа тој одлучил да оди во современ маркет во Москва и да купи производи што ќе го истераат до крајот на неговото патување во Русија.

Во видеото тој купува најнормални производи, леб, банани, житарици итн. Но кога дојде времето да се плати сметката, како што кажува Такер „првично бев запрепастен, а потоа бев гневен“.

„Целиот мој тим е од САД, кога сме дома сите сме купувале производи од маркет. Специфично за ова пазарење, не внимававме на цени, едноставно купувавме што ни беше мерак. Пред да стигнеме на каса, мојата процена, а и процената на целиот мој тим беше дека сметката ќе не чини околу 400 долари“

Такер и неговиот тим беа изненадени кога цената што ја должеа за производите изнесуваше 9481 рубли, или 104 американски долари.

„Ако го земеш на луѓето стандардот на живеење и го уништиш, преку криминал, инфлација, и други работи, до степен да не можат да ги купат производите што ги сакаат, во тој момент не е важно што ќе кажеш или дали си добар или лош човек, им ги уништуваш животите на граѓаните и токму тоа кога има направено нашата влада. Дојдовме тука во Руски маркет, таканареченото срцето на злото, и да видите колку чинат работи и како луѓето живеат … ќе ве натера на радикализација против нашите лидери. Во моментов така се чувствувам јас. радикализиран. И колку да знаете не измислуваме ништо од ова.“ – изјави Карлсон од неговата екскурзија во Русија каде што го интервјуираше претседателот Владимир Путин

Ако го гледате видеото, фер е да се каже дека цените горе-доле се исти како нашите. За жал неможе истото а се каже за стандардот на живеење!

Екстра видео: