18+ЗабаваПопуларно

Сопственик на “AI” порно страна шокиран од тоа што луѓето го пребаруваат: Се надевам дека само тестираат…

Компанијата веќе има повеќе од 1.000 термини кои се блокирани…

На почетокот на овој век, Стивен “Лајтспид” Џонс управувал со колекција на сајтови за возрасни, што му донело заработка од половина милиони долари месечно.

Сега се вратил во бизнисот, а се благодарение на растот на порнографска содржина креирана од вештачката интелигенција. Неговиот нов сајт им нуди лесен начин на многу корисници да генерираат порнографска содржина користејќи вештачка интелигенција.

Судејќи по се, ова довело до неочекувани резулати и прашања, што го шокирало Џонс.

„Гледам одредени работи кои луѓето ги внесуваат и само се надевам дека се обидуваат да го тестираат моделот, како и ние“, рекол Џонс. „Се надевам дека не сакаат навистина да ги гледаат работите кои ги внесуваат“.

Според наводите, компанијата на Џонс веќе има повеќе од 1.000 термини кои се блокирани, вклучувајќи и “средно училиште”.

„AI не може да ги замени вистинските изведувачи а луѓето кои го велат тоа погрешно разбираат што тие изведувачи работат“, истакнала Хедер Нокс, директорка на брендот за услуги за менаџмент за возрасни изведувачи – “Elevated X”.

„Но, оваа технологија ќе фати чекор со трендовите и ќе стане навредлива пред да биде од помош“, додалал таа.