Спиел со 6.000 жени, па починал за време на секс: „По сезона спиев со 200 жени“
Понекогаш не е потребно ништо повеќе од еден поглед и за пет минути водиме љубов. Изградив репутација, немам потреба воопшто да се трудам, сега мене ми приоѓаат жени, вели Ромео од Римини за животот…
Тој почина пред шест години, но за него се уште се зборува во Италија. Некои го фалат, други го нарекуваат легенда, за други е одвратно е тоа што го претставува…
„Италија никогаш повеќе нема да има таков заводник“, ќе кажат некои Италијанци за Маурицио Занфанти, познат и како „Ромео од Римини“.
Слични титули му доделија и италијанските медиуми …
Овој италијански плејбој тврдел дека спиел со повеќе од 6.000 жени, а главен адут му била добрината.
А легендарниот Маурицио починал правејќи го тоа што најдобро го знае, како што пишува весникот Ил Ресто. Имено, на тогаш 63-годишниот Маурицио му се слошило додека водел љубов со 40 години помлада дама од Романија на задното седиште во автомобил во 2018 година. Го издало срцето.
Дамата во паника веднаш повикала брза помош, но Маурицио не можел да се спаси. Иако пред неколку години ветил дека ќе престане да „спие наоколу“, очигледно не можел да го исполни ветувањето.
Почнал да заведува жени во 70-тите години на минатиот век додека работел како промотер на ноќен клуб во Римини и неговата околина. Секоја сезона, тврди тој, имал околу 200 партнерки …
Тоа беше бројката на врвот на мојата кариера“, изјавил Маурицио, чии омилени „мети“ биле Германките и Скандинавките, пишуваше тогаш “NY Post”. Во „лоша сезона“, рекол тој, имал најмалку 120 партнери …
„Понекогаш не треба ништо повеќе од еден поглед и за пет минути водиме љубов. Направив репутација, не мора воопшто да се трудам, сега женитеми приоѓаат сами. На ден имав и по неколку партнерки“, рекол тој.
Тој исто така тврдел дека љубовта не е за него …
„Никогаш не сум се заљубил. Ако некоја се закачи за мене, се обидувам да бидам нежен. Понекогаш знаеја и да заплачат“, изјави Маурицио …
Зимите ги поминувал работејќи во туристички агенции во Скандинавија, летата работел низ Италија, а своевремено се фалел дека легнал и новинарка од Франција која дошла да го интервјуира.
Тој носел тестови за сексуално преносливи болести во својот паричник за да докаже дека е негативен, но тврди дека дамите никогаш не го прашале за тоа.
„Мислам дека направив повеќе за промоција на овој регион од 100 туристички агенции“, изјави пред смртта Маурицио, кој секогаш нагласуваше дека треба да бидете љубезни со дамите, а останатото ќе си дојде…