СРЕДЕ НОЌ СОНЦЕ, КАКО ДА БЕШЕ ПЛАДНЕ Маж сподели нереални сцени од Јужниот пол, следбениците останаа запрепастени! (ВИДЕО)
Мети Џордан, истражувач во лабораторија на Антарктикот, стана интернет сензација благодарение на видеата што ги објавува на TikTok од најстуденото место на планетата.
Тој неодамна сподели видео од „како изгледа полноќ на Антарктикот“, што предизвика воодушевување и збунетост кај следбениците.
Многу истражувачи сметаат дека Антарктикот е „најважната природна лабораторија“ и место каде што може да се доживеат спектакуларни природни феномени.
Еден од нив е поларниот ден, кога Сонцето останува видливо 24 часа на ден, феномен кој се јавува северно од Арктичкиот круг и на Антарктикот.
Времетраењето на поларната светлина варира во зависност од локацијата – од 20 часа во близина на круговите до шест месеци на половите. Спротивна појава е поларната ноќ, кога Сонцето воопшто не изгрева.
Во своето видео, Џордан покажа на часовникот што гласеше шест минути по полноќ, а потоа излезе надвор на силната дневна светлина. Глетката ги остави без зборови неговите следбеници, а многумина ги интересира како истражувачите успеваат да спијат без темнина.
Видеото брзо стана вирално и собра над 6,7 милиони прегледи. Еден корисник духовито забележа: „Барем го имате Сонцето, додека во Обединетотот Кралство имаме само неколку часа сиво небо пред да се стемни“.
Ова фасцинантно видео им се допаѓа на сите кои сакаат да дознаат повеќе за животот и работата на мистериозниот Антарктик – место каде што полноќ може да изгледа како најсончевиот ден!