ЗабаваПопуларно

Ставете го овој лист во секој агол од домот: ИНСЕКТИТЕ, лебарките и мравките ЌЕ ИСЧЕЗНАТ како со магија – резултатите ќе ве изненадат!

Наместо да користите хемиски препарати, кои можат да бидат штетни за здравјето, постои едноставен, ефикасен и целосно природен начин да се ослободите од несаканите гости – ловоровиот лист.

Кога инсектите еднаш ќе влезат во домот, тешко е да ги избркате. Без разлика дали станува збор за мравки, лебарки, молци или комарци, штом се појават, најверојатно има уште некаде во домот.

Како делува оваа метода?

Тајната на овој едноставен трик се крие во интензивниот мирис на ловорот, кој инсектите не можат да го поднесат. Лебарките, мравките, молците, комарците и мушичките избегнуваат места каде што има ловоров лист, па неговото стратешко поставување во домот може да биде идеално решение за вашиот проблем.

Со оваа метода не само што ќе спречите нови инсекти да влезат во домот, туку и ќе ги елиминирате оние што веќе се населиле во него.

Како најефикасно да го користите ловоровиот лист?

Распоредете листови во аглите на просториите

– Инсектите сакаат скриени места, па затоа ставете неколку листови во аглите на собите, зад мебелот или во близина на прозорците и вратите.

Поставете ловоров лист во кујнските елементи

За да ги спречите мравките и лебарките да влезат во кујната, ставете неколку листови во шкафовите, фиоките и на полиците каде што чувате храна.

Ставете ловор во гардероберот

– Ако имате проблем со молци, ставете суви листови меѓу гардеробата за да ги избркате.

Користете ловор против комарци и муви

– Мирисот на ловорот може да помогне во одбивање на комарците и мувите, особено ако листовите ги ставите во близина на прозорците или терасата.

Со оваа природна и ефективна метода, вашиот дом ќе биде заштитен од инсекти без употреба на штетни хемикалии!