ЗабаваПопуларно

Стјуардеса добила отказ поради ова видео од тверкање во авион: „Уништена сум …“

На видеото се гледа како Диала стои во ходникот на авионот, ја става ногата на седиштето и тверка. Видеото стана вирално преку ноќ …

Стјуардесата Неле Диала ја обвини Алјаска ерлајнс дека ја отпуштила откако на социјалните мрежи објавила видео како тверка во авион. Работела како стјуардеса во авиокомпанијата, но нешто повеќе од шест месеци откако ја започнала работата од соништата, таа тврди дека добила отказ, пишува Дејли Мејл.

Како што вели, се работи за безопасно видео кое го споделила на својот личен профил на социјалните мрежи. Во објава на платформата GoFundMe, Диала наведува дека приходите од работата како стјуардеса ги вложила во развивање на нејзините бизнис идеи.

На видеото се гледа како Диала стои во ходникот на авионот, ја става ногата на седиштето и тверка. Го чекала, како што вели, пилотот.

– Видеото преку ноќ стана вирално, но наместо љубов и поддршка, предизвика неочекувана осуда. „Иако тоа беше лоша одлука од моја страна, не мислев дека ќе ме чини работата од соништата“, рече таа.

Стјуардесата тврди дека нејзиниот работодавец ја обвинил дека ја прекршила нивната политика на социјалните мрежи. И покрај нејзините објаснувања дека видеото немало намера да и наштети на компанијата.

– Не сакаа ни да ме слушаат. Ме отпуштија без предупредување. „Не ми дадоа шанса да се расправам или да се бранам“, додава таа.