Забава

„Тато ги затекна мама и чичко ми како се бакнуваат во соба, а потоа следеше шокантен пресврт“: Љубовната приказна од Србија што ја прекина морничава трагедија

Љубовната приказна на пар од Србија, која завршила трагично, е полна со емотивни и драматични детали.

„Мајка ми далечната 1987 година излегувала со братот на татко ми. Се запознале на факултет, си помагале меѓусебно и постојано заедно излегувале. Во третата година чичко ми ја прашал дали сака да му биде девојка, и таа прифатила. Биле прекрасен пар, исто годиште, млади и заљубени, но не биле подготвени за она што ги очекувало понатаму. Еден ден отишла кај него дома, каде што живеел и неговиот брат, односно мојот татко. Тогаш го запознала. Октомври 1989“, започнува исповедта на девојката позната како@cuvajezamene на TikTok, ќерка на главните актери во оваа трогателна приказна.

„Татко ми бил арогантен, саркастичен и многумина не го сакале. Најмногу поради тоа што бил брутално искрен. Се запознале кога тој случајно влегол во собата додека мама и чичко ми се бакнувале. Смешно, нели? Оттогаш почнал да се шегува со нив, но на мајка ми тоа не ѝ било симпатично. Со текот на времето сите заедно излегувале, а татко ми се почесто се вметнувал во друштвото, што почнало да го иритира чичко ми.“

„Татко ми бил познат швалер. Се зборувало дека една девојка му го скршила срцето и оттогаш целосно се променил. Менувал девојки како чорапи, ги повредувал, но никогаш не се вљубил повторно. Сепак, почнал да ѝ се додворува на мајка ми, да ја штити и се грижи за неа. Сите го забележале тоа – па и чичко ми. Иако на почетокот го мразела поради неговото минато, со текот на времето почнала да го прифаќа.“

Трагичен инцидент

„Ноќта пред Нова година 1990. Се одржувала студентска забава. Сите биле пијани – и мама, и чичко ми. Се изгубиле еден од друг. Мама не можела да го најде, но нејзините ’пријатели‘ – можеле. Ја заклучиле во соба со намера да ја силуваат. Во тој момент се појавил татко ми и ја спасил. Иако дотогаш се задевале како мали деца, во тој момент тоа не било важно. Ја однел на сигурно, а потоа ги претепал напаѓачите – и чичко ми, затоа што ја оставил без надзор.“

„Иако татко ми се заљубил до уши во мајка ми, таа останала со чичко ми, наседнувајќи на неговите лаги дека ќе се промени. Но, сè станувало полошо. Чичко ми останал со истото друштво, иако знаел што ѝ се случило на девојката што ја сакал. Татко ми доаѓал секоја вечер, се качувал низ прозорецот само за да провери дали е безбедна. Не дека чичко ми не ја сакал – ја сакал опсесивно. Но љубовта на татко ми била посилна. Сите ја чувствувале нивната хемија.“

Тајна врска и бегство

„Почнале тајно да се гледаат. Кога тоа го дознал чичко ми, го претепал татко ми речиси до смрт – и мајка ми сè тоа го видела. Тогаш тој избегал од Белград и не ги видел ни неа, ни него. И покрај сè, љубовта победила. Во јуни 1992 година побегнале заедно. Татко ми ја запросил во 1999 година, а на 03.04.2000 се родил брат ми. Биле пресреќни. Се венчале на 01.09.2000. Јас сум родена на 05.05.2005. Сите велеа дека се совршен пар. Но, како секоја Ромео и Јулија приказна – и оваа имала крај.“

Смртта на таткото

„На мојот роденден, 05.05.2015, татко ми загина во сообраќајна несреќа. Колку и мајка ми да го слави мојот роденден, тој ден ќе ѝ остане најсреќниот и најпроклетиот во нејзиниот живот“, ја заврши девојката својата исповед, која доби илјадници коментари на TikTok – полни со поддршка и солзи.