Тврдат дека овој ранч е центар на „паранормални активности“: Тоа е зона на зло. Местото е проклето …
За овој ранч се напишани стотици статии, неколку книги, снимени се бројни емисии … Луѓе во нив раскажувале за „мистериозни светлечки објекти кои одеднаш исчезнуваат“, вонземјани …
Светлечки топки, морничави мистериозни суштества, десетици пријавени видувања на НЛО, кругови во житото … Се само дел од феномените по кои е познат ранчот „Скинвокер“ во американската сојузна држава Јута. Овој имот низ целата историја го следи „темна сенка“, а Индијанците кои живееле на тоа подрачје верувале дека земјата е под влијание на магии од шамани кои се свртеле кон злото.
Племето Навахо верувало дека на таа територија шетаат злобни шамани – т.н. „скинвокери“ – кои можат да го менуваат својот облик и да стануваат животни.
– Тоа е проклето место. Никој не треба да живее таму. Тоа е зона на зло – изјавил еден постар припадник на племето.
Од 1934 до 1993 година, ранчот бил во сопственост на семејството Мајерс, а првите извештаи за паранормални активности датираат од 1970-тите. Семејството Шерман, кое се вселило на имотот во 1994 година, изјавило дека било ужаснато од она што го доживеале.

– Не можевме да објасниме што гледаме. Живеевме во постојан страв – раскажало семејството, кое по две години решило да го продаде ранчот и да се пресели на „нормално“ место.
На имотот често наоѓале осакатени животни, а не можеле да утврдат кој стои зад тоа. Тврделе дека над куќата им се појавувале светлечки топки.
За „Скинвокер“ се напишани стотици текстови, снимени документарци и серии … Луѓето во нив сведочеле за мистериозни светлечки објекти, НЛО, вонземјани, како и суштества кои не можат да ги објаснат. Некои споменувале и легендарен Бигфут. Многумина изјавиле дека ги набљудувале „чудни суштества со црни очи“, кои не реагирале ни на истрели.
Во 2016 година, ранчот преминал во сопственост на компанијата „Адамантиум Холдингс“, која веднаш го оградила имотот, поставила бодликава жица, блокирала патишта и ангажирала обезбедување. Локалните жители не знаеле што се случува зад затворените врати. Се шпекулирало дека ќе се гради ресорт, но во 2020 година било откриено дека зад купувањето стои контроверзниот милионер Брендон Фугал, кој за имотот издвоил околу пет милиони долари.

– Никаде нема толку многу видувања на НЛО и други необјасниви појави. Признавам, кога го купив ранчот, бев скептик и затоа не сакав моето име да излезе во јавноста – изјавил Фугал.
Додал дека „со свои очи видел НЛО“ и дека повеќе не е скептик.
– Мојата цел сега е да ја откријам вистината и да спроведувам научни експерименти за да дознаеме какви тајни крие ова место – порача тој.
Фугал тврди дека на ранчот се спроведуваат разни истражувања, но скептиците сметаат дека сето тоа е само ПР-трик и начин за заработка од бројните туристи што се интересираат за паранормалното.
– Тоа е куп глупости. Нема ништо паранормално таму – порачуваат скептичните гласови.