Забава

Тврди дека не спиел 60 години: Еве што му се случува секој пат кога ќе легне во кревет

Дури ни лекарските рецепти што ги добил не му помогнале, а ниту болницата што ја посетил не можела да даде објаснување.

Понекогаш сите се соочуваме со ноќи кога едноставно не можеме да заспиеме, и тоа може да биде вистински предизвик. Има ли нешто полошо од тоа да се превртувате во кревет и да не можете да заспиете? Сега замислете дека тоа ви се случува секоја ноќ цели 60 години. Ваква „ноќна мора“ живее 81-годишниот виетнамски фармер Тај Нгок. Тој тврди дека речиси не спиел од раните 60-ти години, откако одеднаш добил температура, пренесува LADbible.

Дури ни лекарските рецепти што ги добил не му помогнале, а ниту болницата што ја посетил не можела да даде објаснување.

Децении со сериозни проблеми со несоница

„Тоа е фрустрирачко и нервира. Каква необична болест. Гледајќи ги другите како спијат, им завидувам. Во ноќи осветлени од месечината, обично излегувам да плевам трева и да ја обработувам земјата, бидејќи ми е неподносливо да седам со часови“, изјавил за Vietnamnet.

Додека оваа состојба ја збунува неговата фамилија, некои сугерираат дека неговиот долготраен случај на несоница е поврзан со посттрауматски стресен синдром (ПТСП) од Виетнамската војна, која траеше од 1955 до 1975 година. Јутјуберот Дру Бински отпатувал во Виетнам во 2023 година за да дознае повеќе за состојбата на фармерот. Американскиот креатор на содржини е познат по снимањето видеа од своите патувања.

„Патував два дена од Аризона до мало село во јужен Виетнам за да го најдам, останав со него цела ноќ и проверив дали е вистина дека не спие“, изјавил Бински.

Покрај работата во градината, Тај ноќе произведува и свое домашно вино. Иако дегустацијата на оризовото вино малку го заморува, тоа сепак не е доволно за да заспие, па спие само еден или два часа. Додека се обидува да заспие, неговите мисли и во четири часот наутро не престануваат, исто како кога е буден.

Додека повеќето луѓе би имале сериозни проблеми во секојдневниот живот поради недоволно спиење, Тај тврди дека и понатаму може да носи 50 килограми ѓубриво на оддалеченост од четири километри од својот дом до нивите, без да се чувствува уморно.