ЗабаваПопуларно

Тој е еден од најголемите амбасадори на македонската култура – Гонев, модерниот номад

Мислиме дека веќе не постои Македонец кој не го познава Гонев, со оглед на тоа дека неговите видеа на Инстаграм и ТикТок се гледани по стотици илјади пати. На Инстаграм го следат 185.000 луѓе, а во коментарите под феноменалните видеа можете да видите дека го следат и странци.

Гонев, модерниот номад е од Радовиш. Според содржината на неговите профили може да се заклучи дека сака да готви во природа, а според тоа што може да се најде од извори на интернет тој не е професионален готва.

На неговите видеа има прекрасна македонска музика, се гледаат прекрасни македонски пејзажи и превкусни македонски специјалитети, па можеме да кажаеме дека тој е еден од најголемите амбасадори на македонската култура.

Инспирацијата која стои зад прекарот „модерен номад“ доаѓа од неговиот физички изглед и имиџ, кои треба да одговараат на зборот „модерен“, а „номад“ пак, одговара на номадскиот начин на живот што го води.

Ние ќе кажеме толку, другото може да го кажат неговите видеа! Уживајте.