Забава

Уловил сом од 2,5 метри, луѓето гледаат со неверување: „Тешка борба, за малку ќе ме фрлеше на карпите“

Професионалниот рибар Јакуб Вагнер (42), ѕвездата на ТВ серијата „Риба воин“, се пофали со својот улов на мрежите и ги натера сите да размислуваат.

Во родната Чешка уловил сом долг не помалку од 2,52 метри!

„Тогаш првпат помислив дека не сум дораснат. Мислев да се откажам, дуваше ветер, брановите го фрлаа чамецот и мене“, ги опиша драматичните моменти.

Огромниот сом за малку ќе го фрлел на карпите, а на Јакуб не му е јасно како се издржал конецот, пренесува Билд.

„Тешка борба. Ме влечеше со неконтролирана сила. Прачката се наведна на површината на водата“, откри тој.

Покрај фотографиите, рибарот објави и видео на кое се гледа како уморно седи во чамец, додека сомот плови во водата. Тој ја додаде пораката: „Апсолутно брутално“.

По мерењето и фотографирањето, Јакуб го вратил сомот во водата, исполнувајќи го ветувањето дека никогаш нема да го убие својот улов.

Пред неколку месеци, инаку, улови уште еден џин – сом од 2,61 метри, но очигледно „борбата“ неодамна оставила повеќе трага.