ЖивотниЗабава

УРНЕБЕСНО: Погледнете ја оваа семејна фотографија – ќе ви го разубави денот

Снимка на која едно семејство се фотографира покрај базен, а им се придружува и една фока, предизвика многу смеа на Instagram.

Во видеото, семејството позира покрај базенот – мајката, таткото и нивното мало синче се местат за фотографија, а заедно со нив позира и фока.

Фоката очигледно е „домаќин“ на овој базен и точно знае што треба да направи. Прво стрпливо чека сите да се наместат, па потоа се сместува зад нив.

Кога започнува фотографирањето, фоката се однесува урнебесно – или се смее или исплазува јазик. На крајот, за успешно извршената задача добива и своја сладост.

Видеото, над кое стои натписот „најдобро фотографирање некогаш“, насмеа многумина, но имаше и такви кои коментираа дека станува збор за злоупотреба на животни.