Забава

Фати „мутирана риба“: Имала две усти и огромен јазик!

Отишол човек на реката Парана со јадица и стрпливо чекал – како што го правел тоа стотици пати досега. Но никогаш досега не извадил нешто вакво …

„Каква е оваа риба – мутант“, „Сега веќе не сакам да јадам никаква риба“, „Оваа сигурно не е гладна, па јаде двапати одеднаш“ – се само дел од коментарите под фотографијата на необичната риба што неодамна ја улови аргентинскиот рибар Фабиан Таборда.

Таборда за аргентинските медиуми изјави:

– Имаше две вилици и невообичаено долг јазик. Ја вратив назад во реката.

Локалните медиуми веднаш почнаа истрага за „рибата-мутант“.

Додека некои сметаат дека станува збор за вродена аномалија, биологот Пабло Скаработи за весникот Elonce изјави дека, според него, веројатно станува збор за повреда настаната при риболов, а не за нешто генетски.

Според стручната анализа, станува збор за „златен дорадо“ (научно: Salminus brasiliensis).

– Ова не е првпат да се сретнам со ваков случај. Верувам дека станува збор за повреда настаната при користење на т.н. „пинцета за вилица“, алатка што ја користат рибарите во овој регион. Бидејќи, технички, рибите немаат јазик, вели Скаработи.

Сепак, тој не исклучува целосно можноста дека станува збор за деформација предизвикана од загадување на реката.