Забава

Фестивалот Кочела го чека 28.000 долари казна откако Лана Дел Реј го прекрши “златното правило”

И покрај тоа што Кочела е еден од најлудите настани во Америка каде што собираат мега ѕвезди, сепак има правила што не смеат да бидат прекршени.

Ова најдобро го дозна Лана Дел Реј, откако пеачката го чинеше фестивалот 28.000 долари поради прекршување на една од најстрогите казни.

Како што пренесуваат медиумите, Кочела дели казни доколку настапите се подолги од предвиденото време.

Настапот на Лана Дел Реј на Кочела го прекорачи времето за 13 минути. На прв поглед не изгледа толку опасно, но договор кој го има Кочела со градот потврдува дека овие 13 минути скапо ке чинат.

Градските власти претходно изјавија за дека како дел од договорот со “Goldenvoice”, на фестивалот му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите прекршени пет минути, и дополнителни 1.000 долари секоја минута потоа.

Обожавателите на пејачката не бра потресени од веста и ја пофалија ѕвездата за незаборавниот настап на фестивалот.

Таа изведе 19 песни, вклучувајќи го и изненадувачкиот настап на Камила Кабело која го отпеа нејзиниот нов сингл „I LUV IT“.