(ФОТО) Голи велосипедисти го окупираа Мадрид! Без срам ги разоткрија гениталиите – народот шокирано ги гледаше нудистите на дело
Група велосипедисти се соблекоа целосно голи за нудистичко возење велосипед во Мадрид.
Здружението Педалибре оваа сабота наутро го одржа 21-то издание на своите велосипедски демонстрации во центарот на Мадрид.
Тие сакаа да го осудат насилството на патиштата што често го трпат на улиците и да побараат мерки кои вистински го промовираат велосипедизмот и ја обезбедуваат потребната безбедност за сегашните и идните голи велосипедисти.
Неколку велосипедисти за време на протестот се возеле по улиците целосно голи и привлекоа големо внимание кај луѓето кои стоеја, снимаа и немо го набљудуваа целиот протест.
Мажите како од мајка родени ги покажаа своите тела и гениталии без никаков срам додека уживаа во возењето велосипед со мисла дека овој пат ќе успеат да го постигнат тоа што го бараат.