ЗабаваПопуларно

(ФОТО) Го паркирал скапиот автомобил на паркинг место за инвалиди, па предизвикал гнев кај јавноста: Кога се огласил кој е, сите занемеле од срам

Непрописното паркирање е светски проблем. Честопати имаме можност да видиме како некои несовесни возачи го блокираат преминот и на други возила и на пешаци.

Паркинг просторите за лица со инвалидитет многу често се полни со скапи возила кои немаат ознака за лица со попреченост, што дополнително предизвикува гнев кај јавноста.

Една таква ситуација се случила во Англија. Имено, корисниците на Фејсбук страницата „Spotted Torquay“ – онлајн заедница од истоимениот град во Англија, биле вознемирени од однесувањето на возач кој паркирал луксузен автомобил Ламборгини на паркинг просторот за лица со инвалидитет.

Под фотографијата објавена од администраторот на страницата, брзо се насобраа илјадници негативни коментари. Луѓето го осудија возачот, претпоставувајќи дека поради луксузниот автомобил, има право да паркира каде што сака. Тие не ги бираа зборовите со кои го искритикуваа, но бидејќи оваа фотографија привлече големо внимание и возачот на скапиот автомобил бил принуден да се огласи.

По неговите фотографии, следеше нова бура од коментари, но со сосема поинаков тон, а многу луѓе се преиспитале и заклучиле дека е многу лошо кога донесуваме заклучоци врз основа на една фотографија и предрасуди.

Имено, сопственикот на Ламборџинито се огласи и објасни дека има целосно законско право да го користи тој простор за паркинг. Заедно со фотографијата, тој покажа дека е без нозе и дека има важечка дозвола за паркирање на места за лица со инвалидитет.